Струга со прв пораз сезонава, Шкупи ја победи со гол од пенал

by fokus

Актуелниот шампион Шкупи, попладнево го победи лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Струга Трим Лум со 1:0.

Дербито на 11. коло одиграно во населбата Чаир го реши Фреди Алварез со удар од 11 метри по еден сомнителен пенал во 57.минута.

Ова е прв пораз за Струга и петта победа за Шкупи во досегашниот дел од сезоната.

И покрај загубениот натпревар, Струга останува на водечката позиција на табелата во ПМФЛ со 25 бода, пред Шкендија која има 19, Шкупи е трет со 18 колку што има и четвртопласираниот Силекс.

ФОТО: ФК Шкупи

Поврзани новости