680
Општина Струга поднела барање до Владата и Комисијата за заразни болести за пролонгирање на почетокот на учебната година во општина.
На фејсбук-страната на Општина Струга беше објавено дека епидемиолошката состојба е полоша од претходната година, поради што општината смета дека почетокот на учебната година треба да се пролонгира од 1 на 20 септември.
Од Општината посочуваат дека, според добиените информации од надлежните органи, на секое наредно дневно тестирање секој четврти резултат е позитивен на ковид 19, додека само денес се хоспитализирани 35 лица.