Стразбур пресуди во корист на граѓаните кои беа приморани да плаќаат парно, иако не го користат

by fokus

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во корист на граѓаните на кои им беше наметнато да плаќаат за топлинска енергија иако не ја користат, објави Академик.

Како што посочува ЕСЧП, граѓаните како сопственици на станови се жалеле дека противправно им е наметната обврската да плаќаат за парното греење во колективните објекти за домување, односно во зградите во кои живеат, со што им се нарушиле загарантираните права за мирно уживање на сопственоста, на што всушност и упатува Европската конвенција за човековите права.

Во овој случај, се наведува во пресудата на ЕСЧП, има повреда на членот 1 од Протоколот 1 на Европската конвенција за човековите права, во кој се пропишува дека секое физичко или правно лице има право на мирно уживање на својот имот. Пред Европскиот суд за човекови права жалителите се застапувани од адвокатите Александар Варела, Данче Чакаровска-Гроздановска и Игор Спировски.

Поврзани новости