„Страшно е тоа што Бугарија ја блокира Македонија, преговорите треба да започнат веднаш“ порача Сијарто

by Fokus

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, кој денеска е во посета на Македонија, порача дека ЕУ има потреба од Западниот Балкан.

Според него ЕУ треба да признае дека местото на Западниот Балкан е таму и проширувањето на унијата треба да започне веднаш и вистинските преговори со Северна Македонија треба да започнат веднаш.

Сијарто предупредува дека уште постојат некои земји членки кои го успоруваат овој процес и поставуваат пречки.

„За нас ова е страшно, страшно е што Бугарија го блокираше писмото што требаше да се испрати на Северна Македонија пред неколку недели. Таа е кандидат веќе 18 години и да не може да ги започне преговорите е одвратно, тоа покажува непочитување на земјата“, рече унгарскиот министер.

„Кога ќе го преземеме претседателството со ЕУ ќе ги превртиме сите камења за да бидеме сигурни дека пристапувањето на Северна Македонија и на целиот Западен Балкан ќе се случи што е можно побрзо“, посочи Сијарто.

Поврзани новости