Најмалку 17 лица се ранети во бомбардирањето на детската болница кадешто се наоѓа и родилиште, а меѓу ранетите има и жени кои раѓале, соопшти гувернерот на регионот Доњецк каде се наоѓа Мариупол.
Засега нема информации дали некој загинал во нападот. Бомбардирањето се случило за време на прекинот на огнот со Русија којшто требаше да трае до 21 часот по локално време.
Украина денеска ја обвини Русија дека бомбардирала детска болница, а украинскиот претседател овој напад го нарече „ѕверство“.
Британскиот премиер Борис Џонсон на Твитер го осуди денешниот бомбашки напад врз детска болница и породилиште во Мариупол.
-Има малку работи што се порасипани отколку да се напаѓаат ранливите и оние без одбрана, напиша Џонсон во твитот. Ќе се погрижиме Путин да биде одговорен за неговите ужасни злосторства“, додаде Џонсон, кој на хаштагот на твитот додаде „Путин мора да не успее“.