Страшни пожари во Чиле: Најмалку двајца мртви, изгореа 110 хектари шума и пристаништа

by fokus

Најмалку две лица загинаа во големите пожари што избувнаа во крајбрежниот град Вентанас во Чиле.

Две лица изгореа во шумски пожар јужно од Вентанас во близина на градот Виња дел Мар, кој зафати околу 110 хектари шума и изгоре околу 200 куќи, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Чиле.

Друг пожар избувна во пристаништето Вентанас, кое и припаѓа на државната рударска компанија Коделко.

Во пожарот во пристаништето нема повредени, соопшти Коделко.

Во соопштението на компанијата за производство и дистрибуција на електрична енергија АЕС Андес, која управува со термоцентралата на јаглен во близина на пристаништето, се наведува дека компанијата ги презема сите мерки пожарот да не ги зафати инсталациите на електраната.

Се додава дека блокот два од електраната, кој е најблиску до пожарот, е исклучен поради безбедносни протоколи, додека другите блокови работат нормално.

Поврзани новости