563
Страшна трговија со влијание, позадински врз членовите на Судскиот совет, од страна на некој којшто има интерес, смета претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.
Таа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 зборуваше за ситуацијата во Судскиот совет и рече дека очекувала, Собранието како институција која избира дел од членовите, во најмала рака да побара отчет од учесниците во драмата, да свика надзорна комисија.