532
Маж на 48-годишна возраст загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила во Србија.
Неговата ќерка која го возела автомобилот е во кома, јавуваат српските медиуми.
Како што пренесува „Блиц“, таткото бил совозач, а и дозволил на ќерката која немала положено возачки испит да го вози автомобилот кога се враќале од свадба.
Осумнаесет годишната девојка која возела без дозвола и излетала од патот, била примена во Клиничкиот центар во Белград со повреди на главата и градниот кош.
Несреќата се случила на патот Богатиќ – Црна Бара кога од засега неутврдени причини автомобилот излетал од патот и удрил во дрво во кривина.