Страшна сообраќајка на патот Охрид – Кичево, загина возач, има и тројца повредени

by Fokus

Во страшна сообраќајна несреќа вчера попладне на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Издеглавје едно лице загина, а три се повредени.

Како што соопштија од СВР Охрид, несреќата се случила околу 18 часот меѓу товарно моторно возило „фиат дукато“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(37) од Вевчани и патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(60) од селото Палатица, општина Желино.

„Од здобиените повреди на местото починал возачот на патничкото возило М.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот В.С. и сопатничката во патничкото возило, Н.Б.(47) од тетовското село Голема Речица се здобиле со тешки телесни повреди, додека Х.Б.(21) од селото Голема Речица, сопатник во возилото „фолксваген“ се здобил со телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“ – изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото извршила полициска екипа, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се изврши обдукција.

 

 

Поврзани новости