Страшна несреќа во БиХ – две девојки загинаа откако автомобил следа во ендек кај Коњиц

by jadranka 18:43
18:43

Две 20-годишни девојки од Сараево ги загубија животите, а возачот е тешко повреден откако автомобил „голф“ се урна во клисура во местото Брадина, во близина на Коњиц, соопшти Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретвскиот кантон (ХНК). Во возилото имало уште две лица, чиј степен на повреди засега не е прецизиран.

Од полициската управа изнесуваат детали за трагедијата:

„Во оваа сообраќајна несреќа загинаа патниците од возилото, А.М. и Н.З. од Сараево. Возачот, А.Б., се здобил со тешки повреди. Повреди со неутврдена тежина се здобиле патниците, А.Ј. (20) од Илиџа и Д.Д. (20) од Сараево“.
Според пишувањата на медиумите, несреќата се случила синоќа околу 23:45 часот на магистралниот пат М-17. На местото на настанот излезе надлежните екипи и извршена е увидна истрага за утврдување на точните причини кои довеле до оваа сообраќајна несреќа.

Слични вести