Три лица загинаа, а други три се повредени кога хеликоптер со скијачи се урна на планината Петит Комбин во кантонот Вале на швајцарските Алпи, соопшти локалната полиција.
„Кога стигна до врвот на планината на 3.668 метри надморска височина, од причини што истрагата ќе треба да ги утврди, леталото се лизнало по северната падина“, се вели во полициското соопштение, пренесува Гардијан.
Покрај пилотот, водичот и неговата ќерка, во леталото имало и четворица скијачи, но полицијата не го соопштува нивниот идентитет.
Во рамки на спасувачките активности на местото на несреќата се испратени седум хеликоптери и веднаш им била укажана помош на две повредени лица, а потоа и трето лице е спасено.
„За жал, телата на другите тројца патници во леталото се пронајдени без знаци на живот“, се вели во полициското соопштение.
Во понеделникот, на други локации во кантонот Вале во југоисточна Швајцарија, три лица загинаа во лавина, меѓу кои и 15-годишно момче од САД.