288
Четири лица загинаа синоќа кога во нив удри воз во близина на Барселона додека се обидувале да ја преминат железничката пруга, соопштија службите за итни случаи.
Несреќата се случила во 20:22 часот во Монмел, во близина на каталонската престолнина, кога седум лица минувале преку пругите на забрането место, соопшти Ренфе, шпанскиот железнички оператор.
Три лица загинаа на местото на несреќата, а четвртото почина во болница.
Уште тројца се во болница со повреди, објави Ројтерс.