Адвокатот на еден од обвинетите во ТНТ, Јовица Страшевски ипспрати ново писмо до до медиумите како одговор на соопштението на Судот во кое тврди дека Кривичниот суд ја искривува вистината само за да ја замајува јавноста за своите пропусти.
Тој јавно повикува дека ако некој има закани, јавувања или притисоци од мене да тоа го пријави до надлежните органи.
-Најодговорно тврдам под целосна материјална и кривична одговорност дека со сите погоре наведени лица, сум немал, немам, ниту некогаш сум остварил било каков контакт со истите освен отворените писма кои ги имате сите медиуми каде ќе повтотам има само цитирање на одредени закони и члениови од истите и поставени прашања по истите, тврди Страшевски.
Тој тврди дека на последното рочиште на 24 декември судијата Огнен Ставрев судењето го закажа официјално на 17.01.2020 година.
-Јас замолив заради верските празници Водици и школскиот распуст истиот термин биде одложен за ден два што не беше прифатено. Во моментов користам годишен одмор со сопругата и моите 4-ри деца,во тек е школски распуст и верски празници и тоа е моја приватна лична работа неповрзана со судските постапки.Тоа што Основниот кривичен суд ги менува датумите на судењата презакажува рочишта,одредува почеток и крај на судење што е правен преседан во светското правосудство, најмалку е мија вина. Најодговорно тврдам дека до ден денес 09.01.2020 година, јас како адвокат во случајот ТНТ немам добиено официјална покана според ЗКП за презакажано рочиште од страна на Основниот кривичен суд, а постапката за достава на покана за рочиште според ЗКП се знае како законски се доставува .Членот 127 Од ЗКП е јасен и во него е опишан начинот на достава. Самото соопштение на Основниот кривичен суд не е законска постапка за закажување на рочишта ниту произведува правно дејство, тврди Страшевски.
Тој вели дека неговиот годишен одмор не значи мое непојавување или неприсуство во постапката во ТНТ, но бара уредно и согласно закон да биде поканет со уредна достава.
-Сценаријата на Основниот кривичен суд се јасни и видливи, јас како професионалец во мојата струка адвокат нема да отстапам од доследно применување на правото и законите во Македонија,секогаш ќе укажувам благовремено на сите законски пропусти не само во случајот ТНТ туку и во сите случаеви каде ќе се појавувам како полномошник или бранител, нема да потклекнам под никакви закани,притисоци, заплашувања или уцени од страна на никој и гордо со силата на законот за што и сум положил и заклетва ќе се борам за примена и владеење на правото во Македонија, пишува Страшевски.