Страшен земјотрес го погоди Хаити, луѓето бегаат во паника

by Fokus

Најмалку 29 луѓе загинаа во земјотресот од 7,2 степена по Рихтер на Хаити, соопштија властите.

Земјотресот беше почувствуван насекаде низ Хаити, Јамајка и Доминиканска Република.

Епицентарот на земјотресот беше осум километри од градот Пети Труд Нип, на длабочина од 10 километри, пренесува Ројтерс.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар исто извести за земјотресот во тој регион, но наведе дека бил со јачина од 7,6 степени.

Американскиот систем за предупредување за цунами соопшти дека не е издадено предупредување.

Како што јавува Си-ен-ен, повикувајќи се на службата за цивилна заштита на Хаити, има жртви, а направена е голема материјална штета.

УСГС издаде црвен аларм за бројот на жртви, наведувајќи дека веројатно ќе има голем број жртви и дека разурнувањата се големи.

Во 2010 Хаити го погоди страшен земјотрес претворајќи ја престолнината Порт о Пренс во урнатини за само неколку секунди. Само во првата недела од земјотресот беа погребани околу 70.000 луѓе. Најдени беа уште десетици илјади жртви.

Точната бројка на загинати не е позната, но се верува дека настрадале меѓу 100.000 и 316.000 луѓе.

 

Поврзани новости