Страотна сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

by Fokus

Шест лица од кои две потешко се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај с. Колари, соопшти МВР

„Сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко моторно возило „мини купер“ со италијански регистерски ознаки, управувано од Х.Б.(26) од с.Колари, патничко моторно возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(76) од с. Зајас, кичевско и патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(52) од Скопје. По незгодата, тројцата возачи и сопатниците во патничкото моторно возило „ауди“, Ф.А.(74) од с. Зајас и патничкото моторно возило „мини купер“ А.З.(23), Н.А.(54), И.З.(56) и Л.З.(31), сите од с. Колари биле пренесени во Медицински центар Кичево и кај Х.Б., А.З., Н.А. и И.З. биле констатирани повреди, а кај Л.А. и З.И. биле констатирани тешки телесни повреди“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости