Страотна слика по невремето во Охрид: Смачкани приколки, откорнати дрвја

by Fokus

Невремето кое беше проследено со силен ветер и дожд вчера попладне го зафати и охридското крајбрежје.

Во автокампот Љубаништа, кај Свети Наум, уништени се дел од приколките и шаторите, а ветрот корнел гранки и дрвја.

За среќа нема повредени.

На социјалните мрежи беа објавени и фотографии по невремето на кои се гледаат смачкани приколки, откорнати дрвја и превртени маси и шатори.

Поврзани новости