511
Невремето кое беше проследено со силен ветер и дожд вчера попладне го зафати и охридското крајбрежје.
Во автокампот Љубаништа, кај Свети Наум, уништени се дел од приколките и шаторите, а ветрот корнел гранки и дрвја.
За среќа нема повредени.
На социјалните мрежи беа објавени и фотографии по невремето на кои се гледаат смачкани приколки, откорнати дрвја и превртени маси и шатори.