Анализата на Центаро за економски анализи покажа дека странските компании добиле 56 милиони евра помош од државата во изминатите неколку години. Анализирани биле 7 компании во зоните, при што е утврдено дека нивното учество во БДП изнесувало неполн 1 %. Едно работно место ја чинело државата над 21 илјада евра. Еве што пишува во дел од анализата што ја направија експертите на ЦЕИ:
-Вредноста на извозот на компаниите во зоните во вкупниот извоз од 2007 до 2009 година, според оваа анализа, учествуваат до еден процент, додека потоа континуирано расте за да во 2014 година достигне 27%. Од 2010 година, учеството на извозот на компанијата Џонсон Мети е значително и најголемо и од вкупниот извоз од сите останати компании во зоните, со удел изнесува помеѓу 78% и 87% проценти (во 2011 и 2014)
-Уделот на компаниите од зоните во целокупната бруто додадена вредност на национално ниво достига до неполн еден процентен поен во 2013. Бруто додадената вредност како компонента на БДП која го мери придонесот на секоја производител, е видлив по 2011 година откако првите инвеститори почнуваат да генерираат добивка и истиот се зголемува со текот на времето. Најголем удел кој придонесува со најголем дел во бруто додадената вредност во 2013 година е Џонсон Мети како најзначаен по големина на приход и добивка во дадената година.
-Нето економските бенефити за државата, од компаниите кои оперираат во периодот од 2007 до 2014 година се позитивни за три компании и тоа Вистеон и Џонсон Мети како прво формирани компании со нето бенефити од 60,5 и 111,7 милиони евра соодветно, и Ван Хоол со 4,3 милиони евра. Останатите компании имаат се уште негативни нето економски бенефити за државата кои се очекуваат да бидат позитивни во последователен период.
-Вкупниот трошок утврден со субвенционирањето и даночните ослободувања поделен со бројот на вработувања генерирани во периодот (3.008 нови вработувања во периодот од 2007 до крај на 2014 година за сите корисници) укажуваат на вредност која по ново вработување варира од најниски 7.534 евра кај Џонсон Контролс Штип, каде во апсолутен број имаме најголем број на вработени, до максимални 46.674 евра по вработување кај Џонсон Мети. Во просек, во периодот кој го разгледуваме трошокот за државата по единица вработување изнесува просечни 21.454 евра за овие седум компании за периодот 2007 до 2014 (со дисконтен фактор од 8%).
-Ако се сумираат сите трошоци за сите компании може да се утврди дека трошокот преку ослободувањата и субвенциите врз основа на дадените претпоставки, за седумте компании од 2007 до 2014 година во апсолутна вредност изнесуваат 56,58 милиони евра, доколку истите ги дисконтираме вредноста во 2014 година изнесува 66,25 милиони евра. Изведено како процент од инвестицијата на приватниот ентитет односно корисникот, уделот на инвестицијата на државата варира од 5% до 47% во зависност од компанијата.
-Нето исплатените плати на вработените во компаниите во просек се на ниво на национален просек, но Вистеон и Мети имаат континуирано исплата на нето плати над просекот, што пак не е случај за останатите компании, односно Џонсон Контролс Штип, Витек и Кемет кои имаат потпросечни годишни нето плати.