Странските борци ќе може да добијат украинско државјанство

by fokus

Странските државјани кои ќе се борат за Украина ќе имаат право да побараат украинско државјанство и истото ќе им биде одобрено. Ова го изјави украинскиот заменик министер за внатрешни работи, Јевхен Џенин.

-Овие луѓе ќе потпишат договор, ќе добијат воен пасош, кој потоа ќе им ја замени дозволата за престој. Во иднина, ако некој од овие странски државјани сака да стане украински државјанин, нашето законодавство ќе му го дозволи тоа, рече Џенин.

Украина формира меѓународна легија за територијална одбрана составена од странци кои сакаат да се приклучат на отпорот против руската војска.

Поврзани новости