Странски државјани се уфрлени во протестите?!

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Клик плус“ изјави дека Руската федерација го злоупотребува тоа што македонските граѓани легитимно протестираат против францускиот предлог. Според Пендаровски, луѓе од други земји се дојдени во Македонија со цел да испровоцираат инциденти.

-Имаме неколку дузини луѓе кои се дојдени од некои од соседните држави и кои се обидуваат да испровоцираат инциденти на протестите. Не се наши државјани… – вели Пендаровски.

Тој се осврна на информацијата дека момче од 18 години фрлало молотови коктели врз Собранието, посочувајќи дека ретко кое момче од 18 години знае што е молотов коктел.

Поврзани новости