Американскиот претседател, Џо Бајден, потврди дека американската војска спровела операција за извлекување на американски дипломати од главниот град Картум, и додаде дека Вашингтон привремено ќе ги запре операциите во својата амбасадата додека трае конфликтот во Судан.
Во тек е операција за евакуирање на дипломати од Велика Британија, Кина и Франција.
Борбите во главниот град Картум влегоа во својата втора недела, меѓу официјалната армија и бунтовниците предводени од Мохамед Хамдан Дагало собрани во група наречена Сили за брза поддршка.
Началникот на Генералштабот, генерал Абдел Фатах Бурхан, разговараше со лидерите на неколку земји кои побараа безбедна евакуација на нивните граѓани и дипломати од Судан и вети дека таа ќе започне наскоро.
За време на седумдневните борби кои принудија многу жители на Картум да избегаат, според Светската здравствена организација, загинале 413 лица, а 3.551 лице било повредено. Таа бројка вклучува девет мртви и 50 повредени деца.
Со затворањето на главниот меѓународен аеродром во Судан, странските земји ги повикаа своите граѓани во Картум да го напуштат градот додека не бидат направени плановите за евакуација.