Страдањата на малата штитеничка од „25 Мај“: Во Шутка сакале да ја прават снаа за маж три пати постар од неа

by fokus

Министерството за внатрешни работи излезе со детали за 12-годишното девојче со инцијали Р.И., згрижено во домот „25 Мај“, кое деновиве абортирало откако претходно во неколку наврати била силувана.

Според пријавите во полиција, во период од крајот на 2016 до почетокот на 2018 година, девојчето било девет пати пријавено во полиција за исчезнато лице од страна на вработени во социјално-згрижувачките установи.

„Имено, на 03.01.2017 по пријава за исчезнато лице, девојчето е пронајдено во населбата Шуто Оризари во домот на Џ.К. (68), која што со сила ја задржала во својот дом со намера да и биде снаа. Констатирано е дека таму малолетничката имала сексуален однос со повозрасен човек. Направен е службен разговор со Џ.К., А.К. (44) и Ш.К. (39) и како можен сторител е детектиран Ш.К. за што од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје е направен посебен извештај кој што на 12.01.2017 година е доставен до надлежен обвинител при ОЈО Скопје за натамошни насоки и постапување“, велат од полицијата.

Во друг документиран случај, додаваат од таму, се работи за пријава од вработена во јавната установа. Според пријавата на 28.09.2017 година, откако малолетничката се вратила во домот после извесен период на отсуство, вработената службеничка пријавила дека, според кажување на девојчето, тоа околу 2-3 недели во повеќе наврати имало сексуални односи со постаро лице. Од полицијата велат дека веднаш е постапено по пријават.

На 13-ти ноември, пак, девојчето завршило онесвестено во велешката болница.

„На 13.11.2017 год. околу 22.30 ч. од страна на ЈЗУ Општа Болница – Детско одделение Велес во СВР Велес е пријавено дека кај нив е донесена малолетничката во безсознание. На 14.11.2017 г., по барање на МВР, ОЈО издаде писмена наредба за вршење преглед на детето во Судска медицина – Скопје. Врз основа на наодот од извршениот преглед,  документирана е кривична пријава против Е.У. до ОЈО Велес за полов напад врз дете, а истрагата е проширена и на други лица, за што ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО“, соопштуваат од МРТ.

 

Поврзани новости