410
Најмалку 250 лица загинаа во Израел, додека околу 232 лица загинаа во Појасот Газа. Околу 1.800 луѓе се повредени во Израел, а околу 1.650 повредени добиле помош во Газа по ракетниот напад врз јужен и централен Израел.
Хамас ја презеде одговорноста, а Израел прогласи воена состојба и започна контранапад.
Лидерот на Хамас Мухамед Деиф вели дека ова е денот на најголемата борба и последниот ден од окупацијата, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху укажува дека земјата е во војна.
Бразил најави дека ќе свика итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со ситуацијата во Израел.