Стотици смртни случаи како последица на циклонот Чидо, кој ја погоди француската територија Мајот во Индискиот Океан. Циклоничните ветрови, кои достигнаа брзина од 225 км/ч, целосно срамнија со земја цели заедници.
Последните бројки велат дека официјалниот биланс на загинати е 11, но префектот на островот, Франсоа-Ксавиер Биевил, за локалните медиуми изјави дека бројот „сигурно ќе биде неколку стотици“ откако штетата ќе биде целосно проценета, додавајќи дека е можно „неколку илјади луѓе загинаа“.
Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека „ќе биде тешко да се даде точен број на жртви“, особено во оваа фаза. „Ќе биде комплицирано бидејќи Мајот е муслиманска земја во која мртвите се погребуваат во рок од 24 часа“, изјави претходно претставник на француското Министерство за внатрешни работи.
Островот е дом на 320.000 жители, вклучително и повеќе од 100.000 мигранти без документи, додаде Министерството. Сместено на речиси 8.000 километри од Париз и четири дена по море, Мајот е значително посиромашна од остатокот на Франција и со децении се бори со насилство од бандите и социјални немири. Околу 77 отсто од луѓето во Мајот живеат под француската линија на сиромаштија.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „ќе биде со жителите на Мајот“ и дека испратила 250 спасувачи на островот. Министерот за внатрешни работи Бруно Ретало рече дека „сите импровизирани домови се целосно уништени“ и изрази страв од „тешки загуби“.
Амбдилвахеду Сумаила, градоначалникот на главниот град на Мајот, Мамуџу, рече дека се погодени болници, училишта, куќи и дека сè е уништено.
🧵 I wonder if the catastrophic situation in Mayotte will get more attention than drones that aren’t drones. Where’s the hysteria about this. Where’s MSM 🤬
Cyclone Chido has devastated Mayotte, a small island in the Indian ocean with gusts of at least 226 kilometres per hour… pic.twitter.com/Mk65WPGCte
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) December 15, 2024