467
Италијанската полиција соопшти дека на дело фатила 237 лица кои го мамеле системот за социјална заштита, меѓу кои имало и еден човек кој поседувал луксузна вила и Ферари.
Даночната полиција ја спровела акцијата во Калабриа, регион во јужниот дел на земјата со многу сиромашни жители и седиште на злогласната мафија Ндрангета.
Меѓу лицата кои илегално го користеле граѓанскиот доход воведен минатата година како мерка за борба против сиромаштијата, имало неколку лица кои биле сопственици на вили и луксузни возила, а претходно веќе биле опфатени со операции против мафијата.