Стотици граѓани ја осудија Асоцијацијата за цистична фиброза: „Власта ве седна во скут!“

by fokus

Оградувањето на Асоцијацијата на цистична фиброза од својот член Игор Пехчевски наиде на жестока осуда од граѓаните на социјалните мрежи.

На објавата во која Асоцијацијата се оградува од изјавите на Пехчевски во кој тој ја критикува директорката на Клиниката за детски болести има речиси 200 коментари, од кои сите се негативни и со осуда за ваквиот чекор на Асоцијацијата.

„Власта ве седна во скут“, „Срам да ви е“, „Како може вака да ги делите пациентите“, „Да не беше Игор, немаше ни да знам за проблемите со цистична фиброза“, гласат дел од коментарите.

 

Поврзани новости