327
Шумски пожар во западниот шпански регион Екстремадура опустоши околу 1.500 хектари земја и принуди 550 луѓе да ги напуштат своите домови, а ветровито време ги отежнува напорите да се стави пожарот под контрола, соопштија службите за итни случаи.
„Многу силните налети на ветерот ги отежнуваат напорите за гаснење пожарот. Облакот од чад се шири на мала надморска височина, што го отежнува воздушниот пристап до областа“, изјави командантот на воената единица за итни случаи Дејвид Барона за државната телевизија „24H“.
Околу 250 пожарникари го гаснат пожарот во Пинофранкеадо во провинцијата Касерес во близина на границата со Португалија.
Властите наредија евакуација на дури 550 луѓе во селата Кадалсо, Дескаргамарија и Робледило де Гата.
фото: ЕПА