Стотина македонски туристи заглавија на аеродром, авионот кој требало да ги пренесе до Хургада не пристигнал

by fokus

Стотина македонски туристи неколку часа се заглавени на скопскиот аеродром. Тие преку неколку туристички агенции уплатиле аранжман за Египет, но како што велат, авионот за оваа дестинација не стигнал, пренесува „ТВ24“.

Според патниците, агенциите ги информирале дека имало технички проблем со авионот и чекале да стигне нов. Летот требало да биде реализиран еден час по полноќ, а според последната информација, тие треба да полетаат во 10.40 утринава.

-Требаше ноќта да полетаме во два и пол, па во 05.00, па во 07.00, а сега во 10.40. Зглавени сме и чекаме. Тука има 150 луѓе сигурно, сите се заглавени и во очекување, нема никој да се појави. Нема авион, треба да дојде некој од Анталија. Еден ден веќе изгубивме од одморот – вели еден од патниците, кои се се уште на скопскиот аеродром.

Поврзани новости