Актерката од филмовите за возрасни, Сторми Даниелс денеска апелираше до Меланија Трамп да го напушти сопругот Доналд Трамп, поранешниот американски претседател, бидејќи тој сега е „осуден криминалец“.
Даниелс, со која Трамп наводно ја изневерувал сопругата, сега ја повика поранешната прва дама да го остави.
– Не знам каков договор имаат или немаат, но Меланија треба да го напушти. Не поради тоа што ми го направи мене или на другите жени, туку затоа што е осуден престапник. Се докажало дека бил насилен, бил прогласен за одговорен за сексуален напад и даночна измама. Сега тој е криминалец – изјави Даниелс.
Трамп стана првиот поранешен претседател на САД кој беше осуден за кривично дело, откако минатата недела едногласно беше прогласен за виновен за 34 точки од обвинението за фалсификување деловни документи за да ги прикрие исплатите на Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.
Трамп останува на својата невиност и ќе поднесе жалба на пресудата.
Судијата Хуан Меркан закажа рочиште за изрекување на пресудата за 11 јули.