Сопственикот и главен извршен директор на групациите Феро Инвест и Централ Инвест, на компаниите БРАКО, Грин Машинс и РЕС, проф. д-р Кочо Анѓушев е овогодинешниот лауреат на Стопанската комора на Северна Македонија за развој на извозот и за образование на кадарот за потребите на бизнисот.
Стопанската комора ја доделува оваа награда во рамките на одбележувањето на 101-та годишнина на комората, што ја прави најдолговечна бизнис асоцијација во Република Северна Македонија и една од најстарите во регионот.
„Проф. д-р Кочо Анѓушев, реномиран професор на Машинскиот факултет, стопанственик и сопственик на групацијата Фероинвест и Брако, како и заменик-претседател на Комората, во своето портфолио, преку успешни деловни потези, има значајна улога во зголемувањето на извозот, но и во вклученоста во образовниот процес преку профилирање кадар за потребите на своите компании. Децениските заложби на Анѓушев за постојана модернизација и за вложување во технолошките процеси, водејќи грижа за животната средина, го даваат целосниот ефект преку остварување висока стапка на извоз. Со оглед на тоа дека во производствениот процес е детерминиран со високо напредна технологија, која, меѓу другото, главно се снабдува со зелена енергија, го прави дотолку повеќе конкурентен на меѓународните пазари, што има неспорен ефект и врз домашниот буџет“, се вели во соопштението од Комората со која се најавува наградата за Анѓушев.
Компаниите на Анѓушев кои се во метало-преработувачката индустрија и енергетиката се лидери на македонскиот пазар. Производите на БРАКО се застапени на пазарите во над 60 земји во светот, а со портфолиото на обновливи извори во кои има мали хидро електрани, фотоволтаични електрични централи и био гасна електрана го позиционираат на лидерската позиција за производство на електрична енергија од обновливи извори и снабдување преку компанијата РЕС.
ПР текст