Стопанската комора на Северна Македонија организира САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ каде компаниите дирекно ќе разговараат и ќе ги интервјуираат невработените лица, и доколку ги исполнуваат нивните услови, можат да ги вработат или да ги стават во нивните планови за вработување.
Активноста се реализира во насока на амортизирање на еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат компаниите, обезбедување работна сила преку ангажирање работници од домашниот пазар на труд (со фокус на ранливите категории граѓани и од малцинските заедници).
Саемот ќе се одржи утре (4.12.2024 година) со почеток во 10:00 часот, во хотел „Мериот“, Скопје, а истиот ќе го отворат м-р Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија и Џери Дајбл – претставник на канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија.
Недостигот на работна сила е сериозен проблем со кои се соочува економијата во нашата земја, а проблемот е уште поголем, бидејќи и увозот на работната сила на работници од трети земји не ги дава очекуваните резултати.