573
Од Здружението на приватни стоматолошки установи и доктори по дентална медицина велат дека речиси две третини од стоматолшките ординации, односно 800 ординации не се во можност да ги покријат основните трошоци и да исплатат минимална плата за вработените.
Од Здружението доставиле две барања до Владата. Имено, бараат директна финансиска помош за исплата на минимални бруто плати на вработените во стоматолошките ординации, како и ослободување од фискални трошоци се додека трае кризата.
Од Владата, пак, велат дека барањата на приватните стоматолози се примени и се разгледуваат, а економските тимови на Владата утврдуваат каде е најпотребна финансиска помош за петтиот пакет мерки.