67
Генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг во разговор со словачкиот вицепремиер Роберт Калинак изјави дека нападот врз премиерот Роберт Фицо е напад врз демократиите и отворените општества.
Столтенберг на платформата „Х“ напиша дека во разговорот со Калинак изразил солидарност со премиерот Фицо и народот на Словачка.
– Мораме да застанеме заедно и да ги браниме нашите вредности – напиша Столтенберг.
Словачкиот претседател Петер Пелегрини рече дека Фицо и понатаму е во сериозна, но стабилна состојба и дека може малку да зборува.
– Може да зборува, но само неколку реченици и прилично е уморен со оглед на тоа дека е на лекови – изјави Пелегрини кој го посети Фицо во болница.