Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази увереност дека постои вистинска волја руската страна и НАТО да се вклучат во процес кој може да спречи нов вооружен конфликт во Европа.
Столтенберг ја поздрави подготвеноста на Русија да учествува во дијалогот за безбедност.
-Ќе слушнеме што е она што ја загружува Русија, но во секој дијалог ќе мора да се слушне и што е тоа што нас не загрижува во врска со постапките на Русија, изјави Столтенберг, повторувајќи дека во фокусот на разговорот ќе бидат прашањата за европската безбедност, транспорентноста на воените активности.
Според зборовите на Столтенгерг, покрај разговорите со Русија, Алијансата ќе ги продолжи и консултациите со ЕУ и партнерските земји Шведска, Финска, Грузија, Молдавија и Украина.
Тој потврди дека Русија ги зајакнува воените сили долж границата со Украина и предупреди дека земјите на НАТО ќе воведат нови санкции во случај на воена агресија на Русија кон Украина.
Столтенерг оцени дека безбедносните преговори меѓу Русија и Западот можеби нема да ги решат сите прашања во текот на оваа недела, но можат да помогнат да се избегне конфликт.
„Возможен е договор со Русија“, порача денеска Столтенберг на заедничката конференција за новинари со потпретседателката на Украина, Олга Стефанишина.