Сојузниците на НАТО ќе донесат „силна одлука“ за кандидатурата на Украина за членство и ќе потврдат дека земјата ќе влезе во Алијансата, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг на јавна трибина во рамките на самитот на НАТО во Вилнус.
„Убеден сум дека ќе донесеме силна и обединета одлука за Украина, и да ја задржиме и да ја зголемиме нашата поддршка. Убеден сум и… дека сојузниците ќе потврдат дека Украина ќе стане членка“, рече тој.
Тој потсети дека Киев треба да добие пакет од три дела за да ја приближи Украина до Алијансата. Ова ќе вклучува обезбедување целосна интероперабилност меѓу украинската војска и силите на НАТО, формирање Совет НАТО-Украина и потврдување дека Украина на крајот ќе се приклучи на Алијансата.
Столтенберг ја истакна посветеноста на НАТО да им помогне на воените напори на Украина, бидејќи таа се соочува со силен руски отпор за време на тековната контраофанзива. Тој исто така истакна дека украинските трупи освојуваат се повеќе и повеќе и покрај тешкотиите.
Во врска со контроверзната одлука на САД за снабдување на Украина со касетна муниција, Столтенберг рече дека Киев планира да употреби ново оружје за одбрана на сопствената земја.
„Касетна муниција беше користена од двете страни во оваа војна. Разликата е во тоа што Русија користи касетна муниција за да нападне друга земја, за да ја окупира Украина, додека Украина користи касетна муниција за одбрана од руска агресија“, рече Столтенберг.
Генералниот секретар рече дека со оглед на тоа што Украина снемува конвенционалната муниција, а членките на НАТО се уште немаат доволно капацитет да ги надополнат залихите на Киев, сојузниците мора на секој можен начин да и помогнат на опколената земја.