492
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата стравува дека конфликтот во Украина ќе ескалира напролет.
„Русија сега се обидува да го ‘замрзне’ конфликтот, пред да започне поголема офанзива напролет“, рече Столтенберг преку видео врска на конференцијата за нови геополитички и економски стратегии организирана од британскиот весник „Фајненшл тајмс“.