489
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја обвини Русија дека го попречува членството на Македонија и во Алијансата.
– Русија се обидува да го попречи приклучувањето на Македонија во НАТО, како што е случајот и со Црна Гора каде што видовме и неуспешен обид за преврат, изјави генералниот секретар на Алијансата во обраќањето во фондацијата „Херитиџ“ во Вашингтон.
Според Столтенберг, има многу примери за обид на Русија да се вмеша во политичките процести на НАТО земји и државите партнери.