Столтенберг пристигна во Скопје – на аеродром го пречека министерката Петровска

by Fokus

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на Меѓународниот аеродром во Скопје го пречека генералниот секретар на НАТО – Алијансата, Јенс Столтенберг кому му посака добредојде во сојузничка Северна Македонија.

„Добредојдовте во Северна Македонија, посветен и докажан сојузник во Алијансата. Почестени сме што во македонскиот главен град ќе се реализира заедничката средба со лидерите на Северна Македонија и сојузниците – Албанија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Тоа покажува дека НАТО ја цени улогата на Северна Македонија како сојузник и важен столб стабилност во Западниот Балкан“ – рече министерката по пречекот на генералниот секретар на НАТО.

Посетата на генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг на Северна Македонија е во рамките на неговата четиридневна посета на Западниот Балкан.

Поврзани новости