564
Русија не ја запре акумулацијата на војници на границата со Украина, предупредува НАТО, додека Русија тврди дека поголемиот дел од војниците ќе се повлечат по завршувањето на воените вежби.
-Русија, се чини, продолжува да ја зајакнува својата војска околу Украина. Досега не сме виделе никаква деескалација на теренот. Дополнително, не добивме одговор на писмениот документ и на предлозите што ги испративме до Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во пресрет на состанокот на министрите за одбрана.
Столтенберг предупредува дека Русија ќе плати висока цена во случај да ја нападне Украина, додека „НАТО ќе продолжи да ги открива плановите на Русија“, за да го отежне извршувањето на агресивни дејствија.