Столтенберг останува генерален секретар на НАТО до октомври 2024 година

by Fokus
Foto: AP

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потпиша едногодишно продолжување на договорот, откако неколку месеци барајќи кандидат за замена со консензус не вроди со плод. Најавата доаѓа една недела пред самитот на лидерите на НАТО, јави „Дојче Веле“

Членките на НАТО денес го продолжија мандатот на генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг за една година, по неуспешните напори да се договорат за наследник на улогата со консензус.

Најавата доаѓа една недела пред самитот на лидерите на НАТО во Вилнус, Литванија, на кој сигурно ќе доминира одговорот на западната воена алијанса на конфликтот во Украина.

„Почестен од одлуката на сојузниците во НАТО да го продолжат мојот мандат како генерален секретар до први  октомври 2024 година. Трансатлантската врска меѓу Европа и Северна Америка ја обезбеди нашата слобода и безбедност речиси 75 години, а во поопасен свет, нашата Алијанса е поважна од кога и да е“, напиша Столтенберг на Твитер.

Столтенберг планираше да замине од функцијата и лани и оваа година, но сега двапати го продолжи мандатот за една година по руската инвазија на Украина.

Поврзани новости