Столтенберг: Не гледаме воена закана во регионот!

by Fokus

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска на прес-конференцијата по состанокот на лидери на НАТО сојузници од регионот кој се одржа во Скопје рече дека не гледа воена закана против било која од земјите во регионот, но и покрај тоа го зголемиле присуството на војници во Косово.

„Сметам дека треба да разбереме зошто овој регион е од толкава важност. Ние не гледаме некоја воена закана против сојузниците на НАТО, но она што го гледаме е зголемување на тензиите, особено во Косово, но не гледаме директна воена закана против која било од земјите во регионот. Загрижени сме за настаните во земји од овој регион, но треба да се разбере силата и важноста на НАТО. На Косово го зголемивме присуството со потешко вооружување и околу 1000 дополнителни трупи и секако, ние сме претпазливи, одблизу ја гледаме ситуацијата и ќе направиме се што е потребно за да се заштитат сите сојузници. Кога нашите соседи се постабилни, ние сме посигурни“ – рече Столтенберг.

Тој напомена дека има сајбер закани и загрозување на демократскиот интегритет.

„Има причини за загриженост, кревка безбедносна состојба на Косово и заостанати преговори меѓу Белград и Приштина. Авторитарните држави како Русија го загрозуваат нашиот демократски интегритет со сајбер закани. Јас им се обраќам на сите во регионот. На секоја средба посочив дека е важно да се дијалогот и дипломатијата во однос на конфликтот и војната. И барањата во Босна и Херцеговина го загрозуваат мирот. Дијалогот е суштински за Белград и Приштина. Време е да се надминат регионалните конфликти кои што премногу траат“, рече тој.

Поврзани новости