Столтенберг: Не дозволувајте минатото да ви ја уништи иднината

by fokus

Генетралниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на средбата со Зоран Заев порача, државата да не дозволи минатото да и ја уништи иднината.

„Подготвени сме да ви кажеме добредојде во семејството на НАТО. Со премиерот Ципрас покажавте храброст и сега вие создавата подобра иднина за земјата. Вашиот глас ќе биде важен за одлуките и да ја сочувате вашата земја сигурна. Вие наскоро ќе бидете дел од тој успех. Ви благодариме уште еднаш и не дозволувајте минатото да ви ја уништи иднината“, рече Столтенберг.

Видовме во неколку НАТО сојузнички, додаде, дека користењето на социјалните медиуми и ширењето пропаганда се всушност алатки кои треба да ги поткопаат демократските институции и се мешаат во домашните политички процеси и тоа не е прифатливо.

-Треба да одговориме преку одбрана на нашите сајбер мрежи, но дел од реакцијата е и да се одговори на пропагандата и на лажните информации што ги гледаме. Убеден сум дека најдобриот одговор на лажните вести и пропаганда е ширењето на фактите и вистината зашто на крајот тие ќе преовладаат. Северна Македонија покажа дека е способна да надмине сериозни тешкотии и сега имате посилна демократија. Спроведовте слободни и фер избори, имате отворена дебата и имате новинари кои поставуваат потешки прашања како што всушност треба и да прават новинарите во едно отворено општество, порача Столтенберг.

Поврзани новости