180
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека Советот на НАТО за Украина денеска разговарал за ситуацијата на фронтот, како и за продолжување на воената помош за Киев.
„Советот НАТО-Украина се состана за да разговара за развојот на ситуацијата на бојното поле и приоритетните потреби на Украина. Сојузниците силно ја осудуваат ескалацијата на руските воздушни напади во Украина“, рече Столтенберг на платформата Х.
Тој нагласи дека НАТО мора да продолжи да ја снабдува Украина со опрема и муниција што и се потребни за одбрана.
Средбата се одржа на барање на Киев.