417
„НАТО е тука да ги помага и поддржува сојузниците и сега даваме помош и поддршка на Македонија за справување со различните видови на хибридни и сајбер напади“ изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција пред состанокот на нато министрите за надворешни работи.
Тој додаде дека при посетата на Скопје на тимот на алијансата биле договорени низа на чекори со владата за справување со ваквите закани.
Столтенберг истакна дека НАТО и сојузниците се подготвени да дадат техничка поддршка на земјава, како и засилена соработка за борбата со дезинформациите.
„Сакам да ја пофалам владата на Македонија за брзата и детална работа во развивањето на програмата за соработка што ја договоривме“ рече тој.