Довербата на Украина во сојузниците во НАТО е поткопана поради доцнењето на помошта за таа земја, изјави генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг, еден ден по неговата посета на Киев.
Според него, довербата на Украина во сојузниците во НАТО е нарушена поради доцнењето на испораката на оружје, а таквите неуспеси укажуваат на потребата да се преиспита координацијата на меѓународната воена помош за Киев.
Потребна ни е посилна институционална рамка за нашата поддршка за да обезбедиме предвидливост, поголема одговорност и споделување на товарот“, рече Столтенберг во интервју за Ројтерс.
Тој потсети на неговата идеја за создавање повеќегодишен план кој јасно ќе го дефинира придонесот на секоја членка на Алијансата за помош на Украина.
Одговарајќи на загриженоста на некои членки на НАТО, Столтенберг истакна дека парите ќе бидат дел од она што САД и нивните сојузници го потрошиле во Ирак и Авганистан.
„Таму зборуваме за трилиони, а во Украина за милијарди. Но, всушност, се соочуваме со вистински предизвик за нашата безбедност – поагресивна Русија“, нагласи тој.
На почетокот на април, генералниот секретар на НАТО предложи создавање фонд на сојузнички придонеси во вредност од 100 милијарди долари во текот на пет години за Украина, како дел од пакетот што ќе го потпишат лидерите на земјите-членки на Алијансата на самит во Вашингтон.