Столтенберг: На Украина ѝ треба посилна поддршка

by Fokus

Потребна ни е рамка за поддршка на Украина, која ќе биде попредвидлива и на земјата ќе и ја гарантира помошта која и е неопходна.

Ова денеска го изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата во Брисел.

Во одговор на новинарско прашање во врска со информациите дека планира за предложи фонд од 100 милијарди евра за поддршка на Украина, Столтенберг изјави дека не може да даде детали за планот, нагласувајќи дека на земјата и е потребна посилна поддршка која нема да зависи од доброволните понуди на одделни држави, туку ќе се базира на долгорочната посветеност на НАТО.

„Потребно е да ја институционализираме таа поддршка во рамките на НАТО, за да ја направиме попредвидлива и поробусна. На Украина и треба долгорочна робусна и предвидлива поддршка и ние тоа ќе и го дадеме“, истакна Столтенберг.

Поврзани новости