Столтенберг: На Украина местото ѝ е во НАТО

by Fokus

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Киев рече дека „иднината на Украина е во НАТО“.

„Да бидам јасен, Украина го заслужи своето место во евроатлантското семејство. Заслуженото место на Украина е во НАТО, а со текот на времето нашата поддршка ќе ви помогне да го овозможите тоа“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува „Ројтерс“.

Шефот на Алијансата вети дека НАТО ќе продолжи да испраќа воена помош за Украина, додавајќи дека членките на Алијансата досега обучиле десетици илјади украински војници и обезбедиле воена помош од 65 милијарди евра.

„НАТО стои со вас денес, утре и онолку долго колку што е потребно“, рече тој.

Столтенберг им оддаде почит на украинските војници кои загинаа во војната и ја прегледа оштетената руска воена опрема изложена на централниот плоштад во Киев.

Поврзани новости