Столтенберг му пиша на Спасовски, следната недела Северна Македонија станува членка на НАТО

by Fokus

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер испратил известување до македонските власти дека сите земји сојузнички во НАТО завршиле со ратификацијата на протоколот за членство и дека сега останува да се  испрати само ратификациониот документ.

„Денеска, пристапуваме кон испраќање на нашиот документ за ратификација за Вашингтон. Следната недела истиот ќе биде предаден во Вашингтон и со тоа Република Северна Македонија ќе стане 30-та земја членка на НАТО. Ова се големи историски моменти. Исполнета е важна стратешка цел за стабилноста на државата и за безбедноста на сите граѓани“, – напиша Спасовски на фејсбук.

 

Поврзани новости