Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг треба да го продолжи мандатот на чело на Алијансата за уште една година поради војната во Украина, објавија денеска норвешкиот медиум ТВ2 и весникот Дагенс Наерингслив повикувајќи се на неименувани извори, пренесува Ројтерс.
Мандатот на Столтенберг истекува на 1 октомври, со што на крајот на 2022 година требаше да ја преземе функцијата гувернер на Централната банка во неговата родна земја Норвешка.
Запрашан денеска по пристигнувањето на самитот на НАТО во Брисел дали ќе остане во НАТО, Столтенберг рече:
-Ќе оставам за тоа да одлучат 30-те лидери, рече Столтенберг.
Руската инвазија на Украина пред еден месец ја предизвика најголемата бегалска криза во Европа по Втората светска војна и ги поттикна западните земји темелно да ги преиспитаат своите одбранбени политики.