Столтенберг ќе добие понуда да остане генерален секретар на НАТО

by Fokus
Foto: AP

Се очекува од Јенс Столтенберг да биде побарано да остане генерален секретар на НАТО уште една година, според неименувани извори на Ројтерс.

Одлуката е донесена затоа што воената алијанса не успева да се договори за неговиот наследник пред самитот во средината на јули во Литванија, пишуваат медиумите.

Поранешниот премиер на Норвешка Јенс Столтенберг, помина девет години на функцијата и треба да се повлече на крајот на септември.

„Тој има широка поддршка во алијансата и продолжува да биде ефективен лидер“, изјави извор за Ројтерс.

Администрацијата на Бајден размислува Столтенберг да остане уште една година“, рече американскиот функционер, кој сакаше да остане анонимен.

Поврзани новости